Чоколадните наполитанки ги мелиме и ги ставаме во сад. Бискотите исто ги мелеме и ги ставаме во посебна чинија.
Слатката павлака ја матиме. Желатинот го разматуваме со вода и го додаваме во слатката павлака. Повторно миксаме смесата да стане хомогена.
Слатката павлака ја делиме на 3 еднакви дела. Првиот дел го оставаме чист, во вториотги додаваме чоколадните наполитанки, во третиот дел бискотите.
Во вангла или тенџере прво обложуваме со најлон фолија или кеса и го ставаме празниот дел од слатката павлака. Врз него го ставаме делот со бискотите и врз него смесата со чоколадните наполитанки.
Ставаме во замрзнувач да се стврдне.
Откако ќе ја извадиме го растопуваме чоколадото и го истураме врз тортата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови