12
апр
2015
Топчиња од сув леб
Од векната леб ја вадиме само средината (кората не). Ја ставаме во вода и ја цедиме. Во сад го ставаме лебот.
Магданосот го сецкаме ситно, исто и вареното јајце и шунката. Кашкавалот го рендаме и го додаваме сето заедно во лебот. Посолуваме, ставаме малку мелен бибер, едно јајце и ја промешуваме смесата.
Од смесата правиме топчиња.
Ги валкаме сите во празла и пржиме на загреано масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови