Испечати

Топчиња од сув леб

Топчиња од сув леб

Состојки

  • 1 векна леб
  • 1 лажица магданос
  • 50-100гр кашкавал
  • 50-100гр шунка
  • 1 јајце варено
  • 1 јајце и презла по потреба

Подготовка

Од векната леб ја вадиме само средината (кората не). Ја ставаме во вода и ја цедиме. Во сад го ставаме лебот.
Магданосот го сецкаме ситно, исто и вареното јајце и шунката. Кашкавалот го рендаме и го додаваме сето заедно во лебот. Посолуваме, ставаме малку мелен бибер, едно јајце и ја промешуваме смесата.
Од смесата правиме топчиња.
Ги валкаме сите во празла и пржиме на загреано масло.