
1
дек
2015
Топчиња од салата
Компирите се варат и се оставаат да изладат.
Морковот се ренда жив на поситната страна на рендето.
И краставицата се ренда, но на појадрата страна на рендето.
Шунката исто така се ренда, па се замесува со останатите состојки и топеното сирење.
Ако сакате додајте и магдонос, па формирајте топки.
Валкајте ги во претходно рендано сирење.
Служете во книжни корпици.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови