Подготовка

1. Прво сечиме на 2 места по 2 парчиња леб, но не ги засекуваме до крај. Моцарелата ја сечиме на 4 подебели парчиња. Ги сецкаме шери доматите и чилито.
2. Сега ги земаме првите 2 парчиња леб Ги полниме со 2 парчиња моцарела, 2 парчиња мартадела, шери и чили. Нежно ги притискаме.
3. Јајцата ги разматуваме со вилушка и додаваме сол. Внимателно ги потопуваме лепчињата убаво во јајцата. Пржиме на умерен оган да заруменат и моцарелата да се опушти. Постапката е иста и со другиот топол сендвич.
Ги редиме на хартиени салфетки, па ги сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани