Печурките испржете ги .
Меленото месо подсолете го, додајте црн пипер и сув зеленчук.
Лепчињата премачкајте ги со путер, врз него ставете мелено месо и домашен кечап.
Ставете ги во рерна да се потпечат, врз потпечени лепчиња ставете печурки и печете уште 3-5 минути.
Врз готови сендвичи ставете малку ситно сечено младо кромидче.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани