Топол сендвич со мелено месо и печурки
Состојки
- 4 кришки леб
- 200 гр мелено месо
- 150 гр печурки
- 100 гр домашен кечап
- зачини сол, бибер, мешан сув зачин
Подготовка
Печурките испржете ги .
Меленото месо подсолете го, додајте црн пипер и сув зеленчук.
Лепчињата премачкајте ги со путер, врз него ставете мелено месо и домашен кечап.
Ставете ги во рерна да се потпечат, врз потпечени лепчиња ставете печурки и печете уште 3-5 минути.
Врз готови сендвичи ставете малку ситно сечено младо кромидче.
Добар апетит!