1. Во еден сад го истурате пакувањето од тирамисуто и додавате 200 мл млеко. Матите со миксер се додека не добиете густа смеса.

2. Земате една чаша и во внатрешноста истурате од чоколадниот прелив. Постапката ја повторувате и со останатите 5 чаши.

3. Со лажица/шприц ги полните чашите со претходно подготвената смеса.

4. Врз секоја чаша ставате по неколу чоколадни кикиритки.

5. Потоа чашите ги оставате во фрижидер за да се здрви смесата околу 30 минути.

П.С. Откако добро се здрвила смесата може да го послужите десертот.

Пријатно јадење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови