Испечати

Тирамису во чаша

 Тирамису во чаша

Состојки

  • 90 гр тирамису крем во прав
  • 200 мл млеко
  • 30 гр чоколадни кикиритки
  • 6 стаклени чаши во кои се служи Мартини

Подготовка

1. Во еден сад го истурате пакувањето од тирамисуто и додавате 200 мл млеко. Матите со миксер се додека не добиете густа смеса.

2. Земате една чаша и во внатрешноста истурате од чоколадниот прелив. Постапката ја повторувате и со останатите 5 чаши.

3. Со лажица/шприц ги полните чашите со претходно подготвената смеса.

4. Врз секоја чаша ставате по неколу чоколадни кикиритки.

5. Потоа чашите ги оставате во фрижидер за да се здрви смесата околу 30 минути.

П.С. Откако добро се здрвила смесата може да го послужите десертот.

Пријатно јадење!