Овде мерки нема, се е од око, спремате онолку колку што сакате вие
Постапка

1. Ја лупите тиквата и сечете на подебели кришки. Потрудете се да бидат малку по прави за да имате што помалку празнини
2. Излупете јаболка и исечете ги нив на потенки кришки
3. Тавчето во кое ке го спремате десертот сосема лесно подмачкајте го со масло, значи навистина малку.
4. Секое парче увалкајте го во пудингот во прав)оној од ванила е идеален)- наредете по дното на тавата, празнините пополнети ги со парчиња во големина колку што е потребно за пополнување. Врз тиквата наредете ги јаболката, врз јаболката поросете суво грозје, суви сливи, брусница онолку колку што ке оцените вие... Посипете со ситно сецкани ореви (ништо страшно и да се мелени). Пак наредете од јаболката - покријте ги со увалканата тиква. Врз неа со лажица ставете по малку масло... нека се пече на 200 степени се додека испари течноста која ја пуштаат тиквата и јаболката, а тиквата одозгора веке е потпечена.
Извадете од рерната, ставете одозгора малку мед и оставете сосема да се олади, а тоа е потребно заради убаво сечење и вадење од тавката.
Изматете киселата павлака со шекер во прав... на секое парче ставете од неа, поросете со цимет... ма одлично е .
Овој рецепт е од од една баба како мене - и го гледав на ТВ но направив некои измени според мој вкус односно - таа ги валкаше во брашно, а јас оценив дека ке биде многу подобро во пудинг.
На мене ми беа потребни две кеси пудинг, спремав во помалата ростер тава од Делимано 32х25 и печев повеке од 20 мин.
Сеуште не е доцна за тиквата - но кратко е времето. Кој сака и има нека си го направи, спротивно - нека стои рецептот за во иднина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани