1. Тестенините сварете ги во солена вода (1 лажица крупна сол).
2. Морковите сварете ги и испаситајте си со блендер.
3. Кромидот и мортаделата ситно исечкајте ги на коцкички. Пржете ги во тава на оган со маслото и путерот додека кромидот не омекне и мортаделата порумени.
4. Во тавата за пржење додајте ги и пасираните моркови, ситно исечканиот бсиосилок и магданос, посолете и зачинете со црн пипер. Промешајте и оставете ја тавата на оган уште 2 минутки, мешајте постојано.
5. Сварените тестенини, исцедете ги, задржете околу 50 мл.од водате во која се вареа тестенините.
6. Тестенините додадете ги во тавата со сосот, додајте ја и водата и промешајте. Водата ќе ги направи тестенините покремасти и вкусни.
Декорирајте ги со сечкан босилок и сечкани лешници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани