Телешко динстано месо
Прво измиеното телешко месо, го сечеме на парчиња, а ако има жилички ги одстрануваме.
Сега ставаме сенф, сол, бибер, зачин и масло.
Едноставно го масираме месото односно, убаво ги втријуваме зачините во месото.
Додаваме гранче целер, сецкано ситно, магдонос, лупени и сецкани моркови.
Го оставаме садот за готвење во фрижидер да одстои месото 2 часа.
Потоа на оган го ставаме садот и без да додаваме било каква течност, оставаме месото да се запржи од двете страни.
Од кога благо заруменило и фатило коричка, додаваме бело вино и малку вода колку да го покрие зајрето.
Динстаме на мноогу тивок оган околу 1-1,30 час, или по потреба.
Ако има потреба, односно месото не е готово, додаваме малку течност, вода.
Пред сам крај ги додаваме процедените шампињони и готвиме кратко.
Сервираме со прилог по избор,...пире, ориз....
Лиценца: Сите права се задржани