Телешки сочен бифтек со сос од печурки
Еве ме и мене со рецепт од месо. Откако најдовме домашно телешко месо од Осоговскиот регион и кај нас дома замириса на месо...
Две парчиња исечени на не многу голема дебелина ги посолувам со зачин од 4 вида бибер и зачинска сол и ги оставам така околу 10тина минути. Парчињата бифтек ги пржам на путер по 4-5 мин од двете страни, бидејќи не обожавам крвав бифтек. Го тргам бифтекот настрана. Во истото тавче со путер ги ставам исечените свежи шампињони, кога ќе поруменат го наливам виното и сенфот и додавам малку сол и зачин. Со вака приготвениот прелив ги преливам парчињата бифтек сервирани врз претходно обарени (3-4 мин) листови блитва и сервирам со обарени парчиња компир и морков. За декорација шери домат.
Добар апетит...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови