Испечати

Телешки сочен бифтек со сос од печурки

Телешки сочен бифтек со сос од печурки

Состојки

  • 250гр телешки бифтек
  • 250гр свежи шампињони
  • Зачини и додатоци
  • 1/2 лажиче мешавина од бел,црве,зелен,црн бибер
  • 1/2 лажиче природен зачин од сол со билки
  • 50г путер за пржење
  • 1 лажица сенф дижон
  • 50мл бело вино
  • сол по желба
  • За прилог
  • 1 китка листови блитва
  • 2 средни компири
  • 1 морков
  • 1, 2 шери домати за декорација

Подготовка

Еве ме и мене со рецепт од месо. Откако најдовме домашно телешко месо од Осоговскиот регион и кај нас дома замириса на месо...
Две парчиња исечени на не многу голема дебелина ги посолувам со зачин од 4 вида бибер и зачинска сол и ги оставам така околу 10тина минути. Парчињата бифтек ги пржам на путер по 4-5 мин од двете страни, бидејќи не обожавам крвав бифтек. Го тргам бифтекот настрана. Во истото тавче со путер ги ставам исечените свежи шампињони, кога ќе поруменат го наливам виното и сенфот и додавам малку сол и зачин. Со вака приготвениот прелив ги преливам парчињата бифтек сервирани врз претходно обарени (3-4 мин) листови блитва и сервирам со обарени парчиња компир и морков. За декорација шери домат.
Добар апетит...