Најбрзиот, највкусниот и најлесниот посен десерт на сите времиња.

Подготовка:

1. Од сите состојки се зафаќа смеса, се замесува со брашно по потреба, се расплескува во округла тава бр 36 (многу излегува). Тавата не се подмачкува, заради маслото во неа, нема да се залепи. Се прошарува со прстите и се сече непечена.
2. Се пече најмалку еден час, за убаво да изврие. Се попарува со врел шербет откако сосема ќе се излади. Значи, сосема да е изладена пред попарување. Мирисот на потпечен сусам е неодолив.
Овој рецепт ми е од мојата вујна која многу си ја сакам. Го имав објавено одамна во загубените, но еве прилика пак правев татлија и одлучив да го споделам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови