Подготовка

1. Мелените орео колачиња се мешаат со стопениот путер и се натапкуваат на дното и од страните на калап за тарт.
2. Слатката павлака ја матиме. Го додаваме крем сирењето, шеќерот во прав, кората или екстрактот од портокал и малку портокалова боја. Убаво измешајте.
3. Вака подготвениот фил го префрламе во калапот за тарт, врз подготвената основа и израмнуваме убаво.
4. Ја загреваме слатката павлака до пред зовривање. Ја истураме врз претходно искецканото чоколадо (двата вида). Оставаме да отстои 10тина минути (да прими топлина), па потоа убаво мешаме со шпатула додека не добиеме еднолична смеса. Го истураме ганажот врз филот и враќаме во фрижидер да се стегне.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови