Испечати

Тарт со чоколадо и портокал

Тарт со чоколадо и портокал

Состојки

  • 250г мелени орео колачиња
  • 125г стопен путер
  • 200мл слатка павлака
  • 350г крем сирење (собна температура)
  • 120г шеќер во прав
  • рендана кора од два портокали (или една лажичка екстракт од портокал)
  • малку портокалова прехрамбена боја
  • 160мл слатка павлака
  • 100г млечно чоколадо
  • 80г темно чоколадо

Подготовка

Подготовка

1. Мелените орео колачиња се мешаат со стопениот путер и се натапкуваат на дното и од страните на калап за тарт.
2. Слатката павлака ја матиме. Го додаваме крем сирењето, шеќерот во прав, кората или екстрактот од портокал и малку портокалова боја. Убаво измешајте.
3. Вака подготвениот фил го префрламе во калапот за тарт, врз подготвената основа и израмнуваме убаво.
4. Ја загреваме слатката павлака до пред зовривање. Ја истураме врз претходно искецканото чоколадо (двата вида). Оставаме да отстои 10тина минути (да прими топлина), па потоа убаво мешаме со шпатула додека не добиеме еднолична смеса. Го истураме ганажот врз филот и враќаме во фрижидер да се стегне.

На здравје!