Гравчето е традиција во секое семејство. Затоа решив да ви представам една моја едноставна комбинација на грав со колбаси.
Гравот е застапен еднаш неделно во мојот дом и тоа го подготвувам на неколку начини. На една телевизиска програма наидов и на рецепт грав со шербет се работи за турски рецепт ама за тоа треба да се има храброст да се подготви и проба. Еве го моето едноставно гравче.
Подготовка
Гравчето го киснам со мала количина на вода од навечер. Утредента го варам заедно со цела главица кромид, морков и везена свежа пиперка на тивок огин. Варењето зависи од гравот. Зрната не треба да се распаднат, но треба да бидат варени меки.
Одкако гравот ни е варен го пресипувам во земјена тава. Кромидот и морковот ги пасирам со вилушка додавам магданос и ситно сецкано лукче, мешан зачин, оригано, бибер и буковец.
Во тава го пропржувам брашното кратко сипувам зејтин мешам и додавам црвен пипер.
Запршката ја сипувам во гравот додавам малку вода доколку фали во земјената тава.
Колбасите ги ставам врз гравот и печам на 200 степени триесетина минути или додека не изврие дел од водата.
Со овој рецепт нама да ве изненадам, ама сакав да ви го представам и моето едноставно гравче тавче со колбаси!!!
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани