Тава со брокула и компир и пикантни јајца
Во одделни садови на оган ги вариме компирите и јајцата околу 10 минути, а брокулата 2 минути.
Во огноотпорен сад ги ставаме компирот и брокулата, додаваме маслиново масло, сол и бибер. Мешаме. Ја ставаме тавата во загреана рерна и печеме 10 минути на 180 степени. Потоа ја вадиме тавата од рерна, го ставаме ренданиот кашкавал одозгора и допечуваме уште 5 минути.
Сварените јајца ги лупиме, ги валкаме во измешан зачин составен од кари, црвен пипер, сол и бибер и ги запржуваме во загреано тавче на масло.
Оревите ситно ги сечкаме, ги додаваме во сад со јогуртот (или киселото млеко), ставаме сол и бибер.
Сервираме по едно јајце, брокула и компир, врз кои го прелеваме сосот од јогурт и ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови