1: Спанаќот се сечка и се обарува околу 2 мин. во врела вода. Потоа се цеди.

2: Се матат јајцата и во нив се додаваат сите останати состојки, на крај сирењето и спанаќот. Смесата се истура во тава со средна големина (може и овална и правоаголна) и се пече 20мин. на 200С во загреана рерна.

Совет: Најдобро е ако се стави половина гриз половина палента. Исто така може да се измеша сирење и урда. А наместо спанаќ може блитва, зелје и сл.

По желба може горе да се попрска сусам, ким и сл.

Децата го обожаваат :)

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови