Суфле со спанаќ
Состојки
- 1 Прашак за пециво
- 150мл Масло
- 4 лажици Брашно
- 6 лажици гриз (или палента)
- 1кг Спанаќ (може и помалку, најмалку 700 гр.)
- 200мл Млеко
- 4 Јајца
- 250гр Сирење
Подготовка
1: Спанаќот се сечка и се обарува околу 2 мин. во врела вода. Потоа се цеди.
2: Се матат јајцата и во нив се додаваат сите останати состојки, на крај сирењето и спанаќот. Смесата се истура во тава со средна големина (може и овална и правоаголна) и се пече 20мин. на 200С во загреана рерна.
Совет: Најдобро е ако се стави половина гриз половина палента. Исто така може да се измеша сирење и урда. А наместо спанаќ може блитва, зелје и сл.
По желба може горе да се попрска сусам, ким и сл.
Децата го обожаваат :)