Супер рецепт. Никогаш не сум го утнала и никогаш не сум добила густа каша налик на тесто :)
Рецептот е од Шеќерковата мајка, општо позната како Свекрва =))

Во тенџере се сипа водата и се става на огин. Кога водата ќе зоврие, огинот се намалува и се додава оризот. Се промешува од време на време за да не се залепи на дното. Кога водата ќе испари и смесата ќе се подзгусне, се додава една чаша млеко и повремено се меша додека пак не згусне. Постапката се повторува се додека не се сипе и третата чаша млеко. По третата чаша млеко, убаво се промешува и се додаваат 8 (до 10) големи лажици шеќер и ванилин шеќер.

Се сипа во садовите во кои сакаме да го послужиме, се запрашува со цимет по желба и/или се декорира со рендано чоколадо, јаткасти плодови или прелив.
Ако сакате ваште деца да јадат сутлијаш, тогаш добар начин е да се додаде еден ред кое било чоколадо и со тоа целиот сутлијаш ќе добие чоколадна боја и вкус, па децата нема шанси да му одолеат.

Чашата која ќе служи како мерка не е толку важно колкава е (од 150 до 250мл), туку важно е да се користи истата чаша за сите состојки

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани