
6
окт
2015
Супа со ќофтенца
На месото се додава сол и црн бибер и се замесува, од него се прават мали ќофтенца и се запржуваат за кратко во тенџере. За тоа време се подготвуваат зеленчуците, едниот морков се ренда ситно, другиот се сечи на кругчиња, пиперката, кромидот и компирот се сечкаат на коцки.
Откако ќе се испржат ќофтенцата се тргнуваат настрана во истото масло се додаваат зеленчуците без брокулата и се запржуваат за кратко. Потоа се додава бујонот, кофренцата се враќаат во тенџерето се додава сол и црн бибер супата се вари додека да омекнат компирите и морковите.
5 минути пред да се тргни од оган се додаваат брокулата и фидето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови