Бидна и супата со праз, посна и вкусна....

Подготовка
Сите состојки ги сечкаме на парчиња приближно 2х2 см. Го додаваме просото, мешаниот сув зачин, куркума и магдоносот. Го вклучуваме Мултифреш блендерот и екстракторот на хранливи состојки на програм варење и блендирање. За 20 минути имаме топла, освежителна и хранлива супа.
Ја сервираме, додаваме масло и зачинуваме со бибер. На здравје!

Забелешка
Јас ја подготвив погуста, а ја јадев и со лепче. Ако сакате поретка да ви биде, не ставајте два компира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани