Испечати

Супа со праз (посно) (подготвена во Мултифреш)

Супа со праз (посно) (подготвена во Мултифреш)

Состојки

  • 1 тенок страк праз
  • 2 варени компира
  • 2 лажици просо
  • 2 лажици мешан сув зачин
  • 2 мали моркова
  • неколку листа свеж магдонос
  • сол или солен мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка куркума
  • вода до обележаното на чашката
  • масло од семки од грозје или маслиново масло

Подготовка

Бидна и супата со праз, посна и вкусна....

Подготовка
Сите состојки ги сечкаме на парчиња приближно 2х2 см. Го додаваме просото, мешаниот сув зачин, куркума и магдоносот. Го вклучуваме Мултифреш блендерот и екстракторот на хранливи состојки на програм варење и блендирање. За 20 минути имаме топла, освежителна и хранлива супа.
Ја сервираме, додаваме масло и зачинуваме со бибер. На здравје!

Забелешка
Јас ја подготвив погуста, а ја јадев и со лепче. Ако сакате поретка да ви биде, не ставајте два компира.