Сирењето издробено, заедно со кајмакот измешајте го со 5те изматени јајца, 500 мл млеко и додадете околу 100 мл масло (или по желба, колку сакате да е масно) и посолете. Корите искршете ги на крупно. Премачкајте ја тавата со малку путер. Наредете го првиот слој од печени кори. Ставете половина од матените јајца со сирење и кајмак. Наредете ги остатокот од корите и истурете го остатаокот од филот. Ставете ја питата да се пече на 200 степени околу 20 минути. Потоа извадете ја и врз неа полијте го остатаокот од млекото (200мл). Оставете ја да се пече уште 15 минути. Послужете ја топла. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови