Тортата ја направив за Св.Трифун и за Св.Валентин, една од највкусните, а и најлични торти кои до сега сум ги правела. Тортата е правена во калап срце. Филот е прекрасен, ароматичен, прекрасна комбинација на чоколадо и лешник. Јас не сум љубител на филови од пудинзи и од слатка павлака и затоа многу внимание посветувам на добриот фил, зашто тој е најважен во целата торта. Подлогата е слична на подлога за чизкејк.

Подготовка

Прво започнете со филот.

Изматете ги јајцата со шеќерот во тенџере и потоа тенџерето ставете го на оган да проврие смесата кратко. Мешајте константно, додадете го чоколадото и путерот да се растопат, убаво измешајте и тргнете го тенџерето настрана на ладно место да се излади.

Подгответе ја подлогата, измелете ги бисквитите или ситно искршете ги и измешајте ги со ванилиниот шеќер, растопениот путер и сокот од портокал. Може да додадете и 1 лажиче какао за да би биде потемна основата. Оваа смеса, натапкајте ја во калапот и убаво распоредете ја.

Продолжете со филот, кратко потпечете ги лешниците и сомелете ги.
Изматете го шлагот.
Додадете ги лешниците и шлагот во претходно изладениот фил и изматете со миксер. Додадете го филот врз подлогата и убаво распоредете.
Ставете го чоколадото да се растопи заедно со слатката павлака и нанесете врз филот. Ставете ја тортата во замрзнувач околу 1 час.

Потоа одозгора декорирајте по желба. Јас ставив прелив за торти од вишна, има прекрасна арома и вкус кој се надополнува со чоколадото. Декорирајте со бел шлаг кој има прекрасна контаст со преливот од вишни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови