Спирална торта со кафе
Едноставна, вкусна, кремаста и ароматична торта која топло ви ја препорачувам
1. Прво се делат белките од жолчките. Се матат белките со миксер во цврст снег. Се додава шеќерот и пак се мати. Ги додаваме жолчките една по една и сега мешаме со маталка или лажица, не со миксер. Низ сеалка ги додаваме брашното и какаото. Мешаме. На крај го додаваме и зејтинот. Смесата ја истураме врз хартија за печење во плех или калап 35 на 35 сантиметри.
2.Кората се пече 12 минути на 180 степени. Рерната треба да е загреана, па најдобро е пред да почнете со работа, веднаш да ја вклучите.
3. Ја вадиме кората и ја тргаме од хартијата.
4. За подготовка на кремот, најпрвин во 100 милилитри хопла додаваме 2 лажици шеќер во прав и 3 лажици инстант кафе. На тивко на оган мешаме за да се стопи шеќерот и кафето. Тргаме на страна да олади.
5. Ја матиме хоплата со миксер, го додаваме маскарпонето и додаваме од смесата со кафе. Матиме до цврст крем.
6. Кората ја сечеме на 5 ленти. Најдобро ви е да си измерите со лењир за да лентите ви бидат исти по големина. Со половина од кремот ја премачкуваме кората, исечена на ленти. Првата лента ја мотаме во ролат и ја ставаме на средина на чинијата за торта. Ја земаме следната лента и ја мотаме околу ролатот добиен од првата кора. Ја замаме третата лента и ја мотаме околу првите две и така со сите ленти.
7. Одозгора се премачкува со останатиот крем и се украсува по желба.
Оставете ја во фрижидер околу 2 часа и потоа може да се служи. Поради изгледот си го носи името спирална торта.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови