Спирали со тесто за ачма пециво
Моментално на социјалните мрежи популарни се турските ачми, па јас го искористив тестото кое го правев во форма на спирали, и можам да кажам дека тестото е навистина одлично и се прави многу лесно, а формата е по ваш избор.
1. Во сад се ставаат сите состојки освен брашното, се меша убаво со жица.
2. Брашното се просејува и се додава постепено, месејќи цело време и треба да се добие малку лепливо тесто.
3. Масата ја намрсуваме со масло и го оставаме тестото.
Го расплескуваме првин со раце, а потоа со помош на оклагија правиме голема правоаголна кора.
4. Премачкуваме со путер/маргарин, превиткуваме 1/3 од подолгата страна на тестото, овој дел го премачкуваме со путер/маргарин. Врз овој дел го ставаме преостанатиот дел и добиваме долга и потесна правоаголна кора. Неа пак ја премачкуваме со путер/маргарин, и преклопуваме попречно на половина за да добиеме помала правоаголна кора.
5. Пак рассукуваме за да ја израмниме кората, и од потесната страна сечиме ленти широки 2,5 до 3 см., секоја лента ја преклопуваме на половина по својата должина и на крај ја усукуваме како спирала. Спиралата ја редиме во намрсена тава.
Истото го правиме со сите ленти.
6. Оставаме тестото да нарасне 20 минути, премачкуваме со жолчките, наросуваме со сусам, печеме 20 минути на 200 степени.
7. Штом ги извадиме од рерна, спиралите ги премачкуваме со малку путер/маргарин.
Лиценца: Сите права се задржани
Јас пак сакам така да си видоизменувам и затоа ги направив како вртено, поздрав :)