Кај нас секогаш спанаќот бил омилен ама секогаш сум се задржувала на она класично приготвено во тавче со ориз. Ама овој пат решив да сменам и сите беа задоволни. Лесно е за подготовка, а е вкусно ммм ..

Најпрво исечето го месото на коцки, ставете го во тавче поголемо во тоа тавче ќе се приготвува целото јадење. Зачинете го по желба ставете зејтин и полијте го со вода колку да се покрие месото. Ставете го во рерна на 200 степени да се пече.

Кога ќе го ставите месото почнете со подготовка на спанаќот. Убаво измиен и исчистен ставете го на кратко во зовриена посолена вода колку да омекне. Исцедете го и исецкајте го. Во тавче со малку зејтин пропржете го кромидот и додадете го спанаќот, Попржете уште малку и тргнете го од оган. На страна изматете со вилушка 2 јајца и измешајте ги во спанаќот.

Подгответе го бешамелот. Во тавче ставете го путерот. Кога ќе се растопи ставете брашно во него и убаво измешајте да се соедини. Додадете го млекото посолете и оставете да крчка додека да се згусне. Тргнете го од оган додадете го ренданиот кашкавал.

Извадете го месото од рерна. Ставете го врз него спанаќот, рендан кашкавал и на крај посипете со бешамелот. Вратете во релна да се испече додека убаво зарумени

Лесно а многу вкусно.Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови