За љубители на бешамел како мене, ова е совршениот рецепт. Се приготвува многу лесно, а вкусно е и ладно и топло.

Месото испечете го на вашиот омилен начин. Ние дома го сакаме заруменето и крцкаво на површината. Од како ќе се испече, оставете го да се олади убаво.

Компирите сварете ги, нека се оладат и испасирајте ги како за пире. Додадете зачини по ваша желба.

Пригответе го и бешамелот.
Во сад на оган ставете го путерот да се згрее до вриење. Додадете го брашното и пропржете го убаво на путер. Додадете го млекото и мешајте да не останат грутки. Јас бидејки сум талент, секогаш има потреба да го изматам со миксер :D . Варете и мешајте додека убаво не згусне. Додадете ги двете жолчки и ренданиот пармезан. Јас не додадов пармезан.

Месото исчете го на шницли, но не сечете до крај за да не се распадне (oтвори) цело. Ставете го во садот во кој што ќе печете. Пожелно е да е длабок сад. Во празнините на месото наполнете со пире, од надвор премачкајте убаво со бешамел и остатокот од бешамелот сипете го во садот во кој што ќе печете.

Печете во загреана рерна на 200 степени додека бешамелот не зарумени.
Намалете ја рерната. Извадете го од рерна и нанесете ја тврдо изматената белка над бешамелот.
Вратете повторно во рерна и печете на потивко (150-160) додека не зарумени белката.

Бидејки прв пат го приготвував рецептот, го приготвив како што е напишан во куварот.

Доколку сакате во бешамелот не морате да додадете жолчка и пармезан. Јас не ставив пармезан, а жолчката немаше некоја улога во вкусот.
Исто и белката што се премачкува над бешамелот можете да ја прескокнете. И таа не игра некоја голема улога во вкусот. Мислам дека е ставена за да не остане вишок =))

Следниот пат месото ќе го исецкам на коцки, убаво да се испече од сите страни, ќе го распоредам по дното заедно со пирето и ќе го прелеам со бешамел. За мој вкус вака ќе биде најсовршено.

Пријатно јадење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани