Сочни пилешки плескавици (поховани)
Идејата за овие плескавици дојде сосема спонтано. Решив да ги направам на мој начин и крајниот резултат беше одличен. За ручек имавме сочни и превкусни пилешки плескавици. Топло ви ги препорачувам и вам. Подготовката е лесна и брза.
Подготовка
1. Пилешките гради ги мелеме на машина за мелење месо (покрупно или поситно-по желба). Меленото месо го ставаме во длабок сад, додаваме сецкан кромид, сол, црн бибер и црвен пипер. Соединуваме убаво до хомогенизирање на состојките.
2. Од добиената смеса, со намрсени раце, ги формираме плескавиците во големина по желба (јас ги правев секоја со тежина од по 50 гр). Формираните плескавици нека одстојат барем 1 час во фрижидер (покриени со стреч фолија).
3. Потоа ги поховаме плескавиците, прво во јајцето, па во лебните трошки. Пржиме во загреано масло на средна температура од едната страна, па ги превртуваме од другата страна да се допржат. Ги вадиме врз салфета, и ги послужуваме топли, со гранир од помфрит и чаша квалитетно бело вино (тоа беше нашиот избор).
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани