Ќе се заљубите во колачево на прв поглед. Веднаш ќе ве плени со својата сочна и чоколадна структура. Па уште ако сте и љубители на афион и/или не сакате брашно, ќе го сакате засекогаш.

Подготовка
1. Стопете ги путерот и чоколадото на пареа и оставете да се ладат со повремено мешање.

2. Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег.

3. Во друг сад за матење, изматете ги убаво жолчките со шеќерот. Додадете им го оладеното стопено чоколадо со путер, мелениот афион и јаболкото изрендано на ситниот дел на рендето. На крај, со шпатула и кружни движења измешајте ги белките.

4. Смесата истурете ја во намрсена и обложена со пек-хартија, тава бр 26 и печете ја на 180С околу 25 минути. Печениот колач премачкајте го со мармаладот, а потоа стопете ги состојките за глазурата и прелијте ја врз него.

Одозгора украсете по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови