Сочен чоколаден колач со афион и јаболко
Состојки
- За колачот
- 6 јајца
- 150 гр кафеав шеќер
- 250 гр чоколадо за готвење
- 150 гр путер
- 1 поголемо јаболко
- 200 гр мелен афион
- За глазура
- 130 гр чоколадо за готвење
- 30 гр путер
- 3 лажици масло
- Уште
- 4-5 лажици мармалад од шипка или некој друг од киселкасто овошје (овде кај мене, од малини)
Подготовка
Ќе се заљубите во колачево на прв поглед. Веднаш ќе ве плени со својата сочна и чоколадна структура. Па уште ако сте и љубители на афион и/или не сакате брашно, ќе го сакате засекогаш.
Подготовка
1. Стопете ги путерот и чоколадото на пареа и оставете да се ладат со повремено мешање.
2. Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег.
3. Во друг сад за матење, изматете ги убаво жолчките со шеќерот. Додадете им го оладеното стопено чоколадо со путер, мелениот афион и јаболкото изрендано на ситниот дел на рендето. На крај, со шпатула и кружни движења измешајте ги белките.
4. Смесата истурете ја во намрсена и обложена со пек-хартија, тава бр 26 и печете ја на 180С околу 25 минути. Печениот колач премачкајте го со мармаладот, а потоа стопете ги состојките за глазурата и прелијте ја врз него.
Одозгора украсете по желба.