Се сеќавате на пиперките во сенф на Лиле? Многу од нас сме го испробале тој рецепт. Е овој е многу близок рецепт до тој, но начинот на спремањее малку друг, па така и намената потоа.

Подготовка

1. Пиперките се чистат од дршката и семето и се сечкаат на помали парчиња.

2. Во тенџере на рингла се ставаат сите состојки за обарување на пиперките и се остава да зовријат.
Потоа се додаваат пиперките и се остава да варат 10 минути.

3. Се вадат и се цедат од водата. Во меѓувреме се требат од биберот и ловорот и се оставаат неколку часа потполно да оладат и се исцедат. Се префрлаат во длабок сад и се блендираат со рачен блендер или било каков.

4. На страна се миксира пенасто сенфот со маслото, од него се одделуваат 2 лажици на страна и другото се меша со блендираните пиперки.

5. Се полни во чисти стерилизирани тегли при што најгоре се распоредува од сенфот што сме го оставиле на страна да покрие како заштитен слој.

6. Се чуваат во ладна просторија (визба, подрум,) а кога ќе се отворат, остатокот во теглата се чува во фрижидер.

Одлично е за со сите врсти меса, дури и можи да се користи како маринада претходно за спремање на месото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови