Сосот од домати е вкусен придружник на тестенини и други јадења. Вака подготвен секогаш ќе ви биде при рака, само да се затопли додека се варат тестенините и веќе имате подготвено јадење. Или пак, испржете мелено месо, додадете го сосов и имате набрзина готов болоњезе сос.
Подготовка

За да можете полесно да ја извадете лушпата, доматите засечете ги одоздола и ставете ги во врела вода да одстојат неколку минути. Вклучете ја рерната да се загрева на 100 степени. Во длабока тава налејте вода, 1/3 од тавата да биде покриена со вода.

Излупете ги доматите и ситно исечкајте ги. Кромидот и лукот исто ситно се сечкаат. Во длабоко тенџере ставете масло да се загрева и ставете го кормидот да се запржи. Откако ќе омекне, се додава лукот, кратко се запржува па ставете го доматното пире. Запржете и додадете ги сечканите домати. Варете околу половина час на средна температура и при крајот додадете ги зачините. Стерилизираните тегли се полнат со врелиот сос и се затвораат цврсто со капаците. Ставете ги теглите во тавата со вода, но внимавајте да не се допираат меѓу себе. Оставете ги во вклучена рерна 1 час, потоа исклучете ја. Откако ќе ја исклучам рерната, ги оставам теглите 2 часа во неа, па потоа ги вадам и ставам на прекривка, ги покривам и оставам така потполно да се изладат.

Од оваа количина состојки излегуваат околу 8-9 тегли од 500мл.