Чашата е од 250 мл.
- Исечете рачките на пиперките - само онака лесно пропечете ги
- Доматот исто така испечете го
- Морковот исечката во форма и големина која ја сакате вие
-Испечениот зелен домат ставете го во поголем сад, исчете на покрупни парчиња (зависи колку е голем) поситните можете и на четвртинки, додадете ги пиперките и исечканиот морков, додадете го сечканиот магдоност и лук.
- Во тенџере зовријте ги сите состојки за маринадата, попарете, покријте и оставете да одстојат најмалку 12 часа.
- Соберете во тегли и пастеризирајте онолку време колку што е потребно да се затворат - вакумират капачките. Доволно е да вријат 15 минути кое време ќе го засметате откако почнала водата добро да врие.
Напомена
- Можете во маринадата да додате и бибер во зрна, копар да додате кај зачинките доколку го сакате...
- Пробајте на сол и киселост- за мене доволно, но кој сака посоленко и покисело за сосема малку зголемете ја количината , но прво пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани