Јајцата се матат со вилушка. Се додава јогуртот, маслото, брашното, пецивото, сецканата салама, сирењето претходно изгмечено со вилушка, сечканата пиперка,  сол пола лажичка (ако е сирењето солено не се додава сол) и ориганот. Сето се меша, се става во подмачкан плех за мафини и се пече на 200 степени додека поруменат мафините, отприлика 20 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови