Солени мафини
Состојки
- 3 јајца
- 400 гр. брашно
- 200 мл. јогурт
- 100 мл. масло
- 100гр. сирење
- 100гр. салама
- 1 црвена пиперка од тегла
- 1 пециво
- сол пола лажичка
- 1 лажичка оригано
Подготовка
Јајцата се матат со вилушка. Се додава јогуртот, маслото, брашното, пецивото, сецканата салама, сирењето претходно изгмечено со вилушка, сечканата пиперка, сол пола лажичка (ако е сирењето солено не се додава сол) и ориганот. Сето се меша, се става во подмачкан плех за мафини и се пече на 200 степени додека поруменат мафините, отприлика 20 мин.