На оган се загрева путерот и водата. Се остава да врие убаво и се трга на страна од оганот. Потоа се додава брашното и се мати се додека смесата не стане изедначена. Смесата е готова кога ќе почне да се одвојува од садот.
Во друг сад се матат јајцата, солта, биберот и ренданото сирење. Се додава пецивото. Така изматената смеса се додава во претходно приготвеното брашно и добро се мати со миксер. Со оваа смеса се полнат малите калапчиња и се печат во загреана рерна на 170 степени. Кога ке заруменат, крофничките се готови. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови