Солена торта со палачинки
Оваа торта ми е омилена. Многу декоративна, многу вкусна.
Кората се подготвува на стандарден начин. Јајцата се матат во густа пена со солта. Па се додаваат редоследно наведените состојки и на крај спанаќот. Спанаќот обварен, добро исцеден го миксирам со миксерот за матење на 1.
Се печи 20 мин. на 180 во плех со димензии 32 на 39 цм., на малку намрсена хартија.
Ладно се сечи на половина по ширина.
Палачинките се премачкуваат со по малку кисела павлака, им се ставаат по 2 круга шунка и се ролаат.
За филот најпрво се пасира сирењето, па му се додава киселата павлака, се изедначува со миксер на најслабо.Можи малку да се побибери.
Финална постапка
На едната половина од кората се мачка половина од филот, па се редат палачинките со по малку растојание помеѓу нив, па се нанесува останатата половина од филот (меѓу палачинките и над нив) и се поклопува со другата половина од кората. Нежно се притиска, се завиткува во фолија за свежо и се става во фрижидер да одстои неколку часа, јас ги оставам преку ноќ.
Потоа се премачкува со кисела павлака, се декорира. Се сечи на сакана големина и форма. (Можи прво да ја исечите, па премачкате со павлака и декорирате.)
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Da Kate go procitav i tvoeto e odlicno!