Солена Торта со Крекери
Вкусна и декоративна солена торта, идеално се вклопува на празничната трпеза и одлично оди како мезе. Пробајте ја задолжително.
Подготовка:
1. На почеток како основна смеса за трите фила се соединуваат павлаката, мајонезот и фета сирењето, па добиената смеса се дели на 4 дела- 3 дела за филовите, а со 4-от дел ја премачкуваме тортата одозгора. Во првиот дел ја додаваме ренданата шунка, во вториот дел ренданите варени јајца и во третиот дел- ренданите кисели краставички.
2. Редиме крекери па ги премачкуваме со првиот фил, пак редиме крекери- премачкуваме со вториот фил, редиме крекери- премачкуваме со третиот фил. Завршуваме со крекери и премачкуваме со смесата од павлака, мајонез и фета сирење.
3. Декорирајте по ваш вкус. Јас изрендав жолчка и декорирав со сусам и ленено семе. Понекогаш рендам кашкавал одозгора.
Забелешка- од целото пакување крекери искористив 28 парчиња- 4 реда по 7 крекери.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани