Солена торта од палачинки
1. Кромидот се сецка ситно и малку се пржи . Се додава ситно сецкано пилешко месо и печурките . Откако ќе се запржат се остава да излади .
2. Палачинките се редат на рамна површина. Една се клава на средината на површината и околу се клават 5 до 6 палачинки . Малку повеќе од пола палачинка да останува да излегва од надвор од површината, а се реди една палачинка, па наредната да се поклопува од пола на првата .
3. Во приготвениот фил се додаваат празни палачинки завиткани како ролат една по една и се сецкаат на кругчина
4. На наредените палачинки се става малку од филот, па над филот се става една палачинка па потоа пак фил па палачинка и во зависнос од количината се реди нагоре.
5. Кога ќе се наредат се затвора од страна со палачинките кои паѓаат пола од надвор се креваат нагоре за да се затворат страните на тортата и од озгора се става пак уште една палачинка за да се добие рамна површина
6. Се премачкува со павлака и се декорира по желба .
Пријатен апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mnogu mi se dopadja tvojot recept za soleni palacinki ....Vsusnost se sto e na masata kaj tebe mi se dopadja!!!:):);)pozz.
Magdalence, pozdrav i za tebe... prekrasna e solenta torta, ja obozavam- pa bilo vo koja forma da e, odlicno!