Солена пита од бајат леб и тиквички
Еве еден предлог како да го искористите лебот што ќе ви преостане.
Изрендајте ја тиквичката, а лебот исечете го на помали коцки.
Ставете ги во подлабок сад.
Јајцата изматете ги со млекото, посолете ги и наросете црн бибер, па додајте ги во садот со леб и тиквичка.
Додајте го сецканото лукче и топеното сирење исечено на помали парчиња.
Убаво измешајте ја смесата.
Во нелеплива тава ставете масло да се загрее.
Додајте ја смесата и убаво распоредете ја во тавата.
Пржете на среден оган.
Откако ќе се испржи од едната страна, поклопете ја тавата со чинија која има помал дијаметар од тавата и превртете внимателно.
Вратете во тавата за да се испржи и од другата страна.
Послужете топло со сиренце, јогурт....може и со свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани