Покрај главната роденденска, оваа беше споредна солена роденденска торта за оние кои се по солените работи повеќе отколку по благите.

Количините во состојките не се фиктивни и истите можат одокативно и по желба да се користат во зависност од големината на калапот и висината на тортата. Овие мерки се отприлика за калап со бр. 16

Најпрво издробете ги печените пиперки во тавче со масло, запржете ги, па додадете го сечкано на листови биеното сирење. Запржете го и него да омекни и да се спои, па додадете ги јајцата.
Кога е готово, тргнете го од рингла и оставете да се излади.

Измешајте ги кајмакот и павлаката во еден сад.
Шунката, или можи да користите салама по желба, и кашкавалот изрендајте ги секој посебно.

Во калапот на откопчување најпрво се реди подлога од двопек, кој се мачка со мешавината кајмак и павлака. Врз секој слој од двопек се премачкува од оваа мешавина.

После првиот слој се става рендан кашкавал, после вториот, пржените пиперки со додатоците во нив и после третиот ренданата шунка.
Последно се завршува со двопек кој се премачкува одозгора исто така.
Се остава во фрижидер, најдобро преку ноќ убаво да се спојат слоевите и двопекот да омекни.

Потоа се вади од обрачот и се премачкува со кисела павлака и лажица мајонез и се украсува по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани