Солен тарт
Подготовка:
1. Фил- кромидот ситно го сецкаме. Половина тиквица ја лупиме и сечкаме на коцки. Шампињоните ги сечкаме тенко. Во загреана вок тава го ставаме маслиновото масло. Го доадавме кромидот, кратко пржиме и ги додаваме шампињоните. Пржиме на средна температура со повремено мешање. Ги додаваме коцките тиквица и оставаме да се пржат, повремено мешајќи. Ги додаваме солта, мешаниот сув зачин и црниот бибер. Откако тиквицата ќе омекни, го додаваме грчкиот јогурт, Промешуваме. Доколку тиквицата испуштила многу вода, која не е испарена, не додавајте вода, но доколку нема течност додадете 50 мл вода. Промешуваме.
2. Основа- Во блендер го ставаме кромидот, го блендираме. Ги додаваме овесните снегулки, меленото ленено семе, мелениот сусам и мелениот сончоглед. Блендираме. Ги додаваме солта, маслиновото масло и водата. Блендираме.
3. Во силиконски калап за тарт, со дијаметар 21 см, го ставаме тестото, со дланка го распределуваме на дното и по краевите. Печиме во загреана рерна на 180 степени, 5 минути. Го вадиме од рерна и го додаваме подготвениот фил. Печиме на 180 степени, 25-30 минути. Врз тартот ставаме 3 лажици пармезан и рендан кашкавал. Печиме уште 5 минути, да се стопи кашкавалот. Тартот го вадиме од рерна, врз кашкавалот ставаме уште 3 лажици пармезан, оставаме малку да се излади и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани