1. Водата маслото и солта се ставаат во сад на оган да зовријат. Се трга од оган и се додава брашното. Се меша додека не се добие хомогена смеса. Се остава да се излади
2. Потоа се додаваат едно по едно јајцата. Се бие со миксер.
3. Смесата се става во плех од шпорет кој е обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200 степени. Одвреме навреме се чепкалка за заби се боцка тестото, за да не се крева при печењето.
4. Откако ќе се испече се превртува на влажна крпа и одозгора се прекрива со друга влажна крпа додека не омекни.
5. Шунката и краставичките се сечкаат на коцки. Топеното сирење се пасира со вилушка и заедно со мајонезот се меша. Тестото се филува и се витка ролат. Одозгора се украсува по желба

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани