Солен колач со спанаќ и црвена пиперка
Здрав,вкусен појадок за цело семејство.
Прво спанаќот измиен и исецкан се става со малку зејтин и сол да се пропржи и се остава да олади.
Се матат јајцата со 1 лажичка сол. Се додава киселото млеко,зејтинот и киселата вода. Потоа се додава изренданото сирење, спанаќот, ситно исечената пиперка и постепено се додаваат брашната, претходно заедно измешани со пецивото и семките од тиква. Се меша се заедно и се става во тавче на хартија за печење(ако користите тавче на делимано не е потребна хартија). Солениот колач одозгора се поросува со семки од тиква. Се пече на 200 степени околу 25 минити. Чашата со која мерев е од 120 милитри. Ако немате ржано брашно можете да го замените со пченично или пченкарно. Колачот во секој случај е вкусен.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови