Сок од цвет од бозел (без варење)
Се јавив кај нина ми (вам тоа ви е познато како стрина) да прашам сокот од бозел што го пиев кај баба, дали знае како баба го правеше. Попатно си ќарив и 3-4 други рецепти кои ќе ги приготвам и објавам наскоро.
Соков од цвет од бозел не е рецепт од баба Славка, туку од нина. Во секој случај преубав вкус, преубав спомен од едно детство и дворчето со лозница која прави сенка. Милите раце на баба кога ми го принесуваше сокот....
Ќе ме здебелат спомениве =))
Сокот се прави многу лесно.
Во 7 литри вода се ставаат да одстојат цветовите од бозел. Стојат 24 часа и се прецедуваат.
Од како ќе се прецеди, се додава шеќерот и лимонтусот и се остава уште 24 часа да се растопи шеќерот.
Се складира по шишиња се раствора пред пиење. Јас го чував во фрижидер. Не знам дали мора, ама така направив.
Јас бидејки ја избегнувам хемијата колку што можам почесто, овој пат го направив тоа и со лимнотусот. Правев половина доза сок и ставив само сок од лимон.
Лиценца: Сите права се задржани