Сок - инфузија на здравјето
И такааа... јас дружејки се со членки по други сајтови со цел да размениме рецепти и искуства, нормално дека кога во прашање е здравјето ќе се развие малку поголем разговор за корисни придобивки, од кои разговори произлезе и овој рецепт. Една драга несебична пријателка го сподели со нас и рецептот и искуството, неопходно и било потребно нешто за поправање на крвната слика, да ја намали анемијата, да го зголеми имунитетот, да го покачи ФЕ... таа нејзина мисија успешно заврши, па повелете драги мои можеби ќе ве заинтересира и вас. Јас веќе 4 години го спремам за целото семејство, вкусен и што вели Омнија - Учинковито је.
Значи вака
Излупете го цвеклото, јаболката, исчистете го морковот. Изрендајте. Во ова додајте го медот, измешајте. Оставете 24 часа да одстои. Ќе забележите наредниот ден дека има сок. Исцедете преку газа, соберете го.
Понатаму авторот вели дека на сабајле по една лажица да се зема, но потоа го напуштила тој начин и продолжила да го користи без мерка и без временско ограничување.
Искуствата наши со ова понатау дојдоа до тоа да може да се додаде после цедењето и сок од лимон.
На мене ренданиот остаток некако не ми се баш фрлаше, го собирав во тегла, додадам сок од лимон и го јадев така. Потоа дојдов на идеја воопшто да не го цедам, соберам во тегли и понатаму секое отварање на фрижидерот и теглата ќе се отвореше, лажица две ќе зацрпам, вкусно, вкусно, а плус и сосема здраво, но затоа пак спремам секој пат по половина од дозата во рецептот, па така имав стално тазе спремано.
Може да стои во фрижидер собран сокот во шише 1-2 недели, ама верувам дека нема да има толку од причина што ако го користите секој ден, нема време да стои толку.
Да не заборавам да напишам дека долго траеше оваа тема и многу-многу членки се јавија и кажаа дека пред да почнат да го пијат овој напиток за здравје - го мереле железото во крвта и после две недели кога отишле пак да проверат, резултатите одлични!
Па нека ви е на здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
http://www.youtube.com/watch?v=XM2I9BJqbMw
...нешто многу музикална сум вечерва :)))